Дали знаевте дека руската морнарица има свој диносаурус?

Не е тајна дека современата руска морнарица има многу стари бродови дизајнирани во советско време. Но, исто така постои и уникатен примерок кој е дури и постар од нив. Изграден во Руската империја, овој брод учествувал во двете светски војни и продолжува да служи денес на исто ниво со модерните бродови.

Неверојатно, но овој 104-годишен брод не само што формално ѝ припаѓа на руската морнарица (како УСС „Конститушн“ на морнарицата на САД), туку активно служи во нејзините редови. Дизајниран е во 1912 година како брод за спасување на подморници „Волхов“ (сега „Комуна“), спуштен во вода следната година, а во 1915 година се приклучува на Балтичката флота.

Конструкцијата на бродот всушност беше уникатна. Специјалниот челик на компанијата „Путилов“ значи дека трупот на бродот останува во совршена состојба до денес, еден век по пуштањето во употреба. За жал, овој метод на производство на челик беше изгубен за време на превирањата на руската револуција и Граѓанската војна.

„Волхов“ не беше дизајниран за борба и немаше оружје. Главната цел на овој катамаран беше да ги спасува подморниците и да им служи во  отворено море.

Во текот на Првата светска војна, „Волхов“ служи како пловна база за подморниците во Балтичкото море. Носи најмногу 10 торпеда и резерви на гориво. Патем, може да пружи сместување за 60 морнари.

Меѓу пловилата спасени од бродот се рускиот АГ-15 (во услови на силна бура) и подморници „Еднорог“од класата „Барс“. Исто така, тој ја подига на површината на водата британската подморница HMS L55 која потона во 1919 година во Финскиот залив при судир со советските разурнувачи „Гаврил“ и „Азард“.

Во 1922 година бродот е преименуван во „Комуна“, име кое го преживеа распадот на СССР. За време на Втората светска војна, успешно служи како база за поправки на подморници и обезбедува пристаниште за советските подморници од класата „М“ (класа „Малјутка“).  

Од 1967 година „Комуна“ е во составот на Црноморската флота, базирана во Севастопол на Крим. Неговиот екипаж е зголемен од 23 на 41 морнар.

„Комуна“ има подигнато на површината на водата повеќе од 150 пловила, но подморниците не се само цел на работата на бродот. Во 1977 година бродот спаси потонат авион Су-24.

Се разбира, времето не беше милостиво спрема бродот, така што „Комуна“ денес мора да биде подложен на постојано реновирање и модернизација. Пловилото е опремено со Saab Seaeye Panther Plus подводно возило на далечинско управување кое може да проучува објекти на длабочина до 1 км. Дури и старото пијано што му беше подарено на бродот во 1914 година беше поправено и е повторно во функција.

„Комуна“ доживеа зрела доба. Но, некои руски поморски проекти не беа толку среќни. Дали знаевте дека Русија во 19 век правела „тркалезни“ бродови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња