„Нивното понатамошно користење би било нерентабилно. Тие се повлечени од борбениот состав на руската Воена морнарица. „Росатом“ по 2020 година ќе ги прати на рециклажа“, изјави соговорникот на агенцијата.
Се работи за подморниците „Архангелск” и „Северстаљ”. Двете подморници беа дел од Северната флота во чиј состав влегоа 1988 и 1985 година.
Што се однесува до Проектот 941 „Ајкула”, тој е развиен во ленинградското проектно-монтажно биро „Рубин” (сегашно Централно конструкторско биро за морска техника).
Производството на првата подморница од оваа класа ТК-208 (тежок крстосувач) почна во претпријатието „Севмаш” во јуни 1976 година. Подморницата е спуштена во вода на 29 септември 1980.
Пред спуштањето во вода на предниот дел на подморницата е нацртана ајкула, а подоцна знакот на ајкулата се појави и на униформата на екипажот.
„Ајкулите“ се најголемите подморници на светот. Нивната должина е 172 метри, а ширината 23,3 метри. Депласманот им е 49,8 илјади тони.
Така во составот на Воената морнарица на Русија остана само една „Ајкула“. Тоа е тешкиот нуклеарен крстосувач „Дмитриј Донској” од Проектот 941У. Таа помина во „Севмашу” специјална модернизација заради тестирање на новата руска балистичка ракета „Булава”.
Погледнете ја големината на „Дмитриј Донској“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче