Мразокршачот „Ангара“ - музеј. Иркутск
Lori/Legion-MediaОвој познат брод е еден од првите сериски оклопни пловила создадени во Русија. Според традицијата, имињата на воените бродови можел да им ги дава само монахот. Николај Втори избрал 11 варијанти и на крајот се решил за Аврора. Треба да се одбележи дека ова е единствениот брод од царската флота кој не бил преименуван по револуцијата. Во 1905 година Аврора учествувал во Цусимската битка, а во 1917 година од него бил направен истрел со кој се означило освојувањето на Зимскиот дворец и стартот на Октомвриската револуција, со што е означен почетокот на советската власт. Во јули Аврора треба да се врати на Петровскиот кеј по двегодишниот ремонт: обновената експозиција меѓу другото ќе раскажува за учеството на бродот во Руско-јапонската, во Првата и во Втората светска војна.
Сопственик на наоѓалишта за злато, на фабрики и на бродоградни компании Александар Сибирјаков мечтаел за создавање на уникатна водена маршрута во Сибир и самиот учествувал во истражувачките експедиции. Еден од бродовите што му припаѓале бил Свјатител Николај – кон крајот на 19 и на почетокот на 20 век се сметал за најбрз локален брод. Во него имало 14 кабини од 1 и од 2 класа, а оние што патувле во третата класа биле на палубата. На Свјатител Николај двапати се имаат качено необични патници. Во 1891 година не своето враќање од Јапонија во Краснојарск се качил идниот император Николај Втори. А, во 1897 година бродот го однел во прогон Владимир Ленин. По револуцијата бродот успеал да стане и „Црвеноармеец“ и „Фридрих Енгелс“, па дури и нафтена баржа со име „Туба“. Од седумдесеттите години од минатиот век Свјатител Николај станува музеј.
Најстариот мразокршач на светот бил спуштен во вода во 1900 година. Тој бил изграден на Sir W. G. Armstrong Whitworth & Co Ltd во Њу Касл по нарачка на Комитетот за изградба на Сибирската железница. За време на изградбата на железницата шините се носеле со бродови, а мразокршачот им ги пробивал патиштата.
Ангара работела до почетокот на шеесеттите години од минатиот век. Во 1990 година бродот бил поставен во заливот на Иркутскиот резервоар за вода во населбата Солнечни. Минатата година на него Иркутскиот месен музеј ја отвори обновената експозиција, која ја раскажува приказната за самиот брод, како и за историјата на бродарството на езерото Бајкал.
Во својата историја овој брод четири пати го има сменето своето име. На почетокот тој бил наречен „Марс“. По Втората светска војна тој преминал од Велика Британија во СССР, а во 1949 година го добил името „Витјаз“. Тој вршел научноистражувачка работа на Охотско, на Црно и на Јапонско море, на Атлантски, на Тихи и на Индиски океан. Максималната длабочина на Маријанската депресија била измерена од овој брод. Во 1994 година бродот се сместил на кејот Петар Велики во Калининград – тука е отворен музеј кој раскажува за историјата на бродарството и на географските откритија. Одделна експозиција му е посветена на килибарот.
Ова е уште еден мразокршач кој за руската флота бил направен во Sir W. G. Armstrong Whitworth & Co Ltd и го носел името Свјатогор. Во состав на флотилата на Северниот Леден океан тој бил вклучен во 1917 година, но по неколку години бродот бил однесен од англиски интервенти. Кога советската влада решила да го откупи мразокршачот од Велика Британија, активно учество во преговорите зел ополномоштениот и трговски претставник на СССР Леонид Красин. Како резултат на тоа бродот го добил неговото име. Кон крајот на дваесеттите години од минатиот век овој брод ги спасил членовите на експедицијата на италијанскиот истражувач на Арктикот Умберто Нобиле, кои настрадале при падот на цепелинот „Италија“. Од деведесеттите години на минатиот век мразокршачот станал музеј и сега се наоѓа на кејот Лајтнант Шмид во Санкт Петербург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче