Кои роботи за деминирање ги тестираше Русија првпат во Сирија

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
Руската армија е биде вооружена со роботичките системи за деминирање кои одлично се покажаа во Сирија. Тоа се Уран-6, Скарабеј и Сфера.

Наредниве години инженерските единци на руската армија ќе бидат модернизирани со најновите роботички системи кои во Сирија исчистија од мини повеќе од 6500 хектари земја и онеспособија повеќе од 100000 експлозивни направи. 

Робот „Уран-6“

Како што тврдат експертите, овие машини можат да поднесат експлозија од 10 кг тротил и да продолжат со работа. Првпат се користени за чистење од мини на Палмира 2016 година, а потоа на Алепо, еден од најголемите сириски градови.

Со овие роботи се управува на далечина од 50 метри, а роботот со брзина од 2-3 км/ч како булдожер расчистува пат низ мински полиња. „Уран-6“ лесно поднесува и серија експлозии. Се движи на гасеници, па лесно може да совлада секаква пречка висока еден метар.

Мали извидувачи

Паралелно со поголемиот систем „Уран“, во чистењето на териториите од мини во Сирија учествуваа и неговите помали браќа „Скарабеј“ и „Сфера“. 

„Техниката не стои во место. Порано во извидница одеа луѓе и кучиња“, вели во интервјуто за Russia Beyond воениот експерт Дмитриј Литовкин. „Но, сега се појавија мали деминери-извидувачи кои го снимаат подрачјето и не постои ризик по човечките животи“. Тие роботи можат да се движат во подземни тунели и дури и да се спуштат во бунар. 

Имињата ги добија според изгледот. „Сфера“ личи на помал брат на ББ8 од „Војна на ѕвездите“. Тоа е мала топка со камери на сите четири страни. „Сфера“ нема да се скрши и ако падне од висина од 5 метри на каква било тврда подлога.

„Скарабеј“ е мала машина на тркала. И покрај размерот и тоа што потсетува на играчка, работи во најтешки услови и на непристапни терени. Во најтешки метеоролошки услови пренесува јасна слика и радиосигнал на далечина од 250 метри.

Прочитајте кои се Топ 5 руски борбени роботи