Инженерска машина за расчистување ИМР-2.
Руслан Кривобок / РИА НовостиСвоето мајсторство воените инженери на Русија, Белорусија, Кина и Египет можеа да ги покажат на натпреварите „Безбедна траса“ во Нижегородската област и „Отворена вода“ во Муром. На сите натпревари победија руските екипи. Венецуелската воена команда дури и ја обелодени својата намета да набави руска инженерска техника која обично ретко се извезува. Вкупно беа претставени 16 видови техника на инженерските единици, а редакцијата на „Руска реч на македонски“ ги избра петте најдобри и најбарани модели.
Инженерска машина за расчистување ИМР-2
Универзално средство на инженерските единици е инженерската машина за расчистување. Таа може да расчисти урнатини од природни и инженерски елементи кога постои опасност од радијација. Машината е опремена со кранови, лопатки и опрема за стружење при расчистување на урнатините. Благодарение на својата универзалност, се применува и кај тенковите за деминирање. Американски еквивалент на оваа машина е М728, а германскиот се нарекува Pionierpanzer-1. ИМР-2 е изработен врз основа на Т-72А. Возилото на отворен пат расчистува 12 километри за еден час, а во планинските масиви за еден час минува 300-400 метри. Го опслужуваат две лица кои автономно можат да живеат во кабината околу три дена. Благодарение на хемиската заштита, ова е единствено возило кое ефикасно функционира и во услови на висока радијација.
БВР-3МА (борбено возило за расчистување) „Вепар”
Специјалното конструкторско биро „СКБ-200 Станкомаш“ е светски лидер во производството на трагачи по мини. Неговата опрема се наоѓа на ловецот на мини БМР-3МА “Вепар“ за кој не постои еквивалент во светот. Како пример може да послужи фактот дека коефициентот на пропуштени мини кај западните ловци на мини изнесува 20-25%, а кај БМР-3МА е под 6%. Тој може да бара мини во снег, под земја, на површина, а може да ги пронајде и оние со радиоиницијатор. Ги неутрализира мините од под дното на бродовите, како и оние со магнетен иницијатор. „Вепар“ е проектиран да се користи на платформите Т-90 со кабина за посада и со систем за далечинско управување со трагачи на мини и со противавионски митралез. Има резерви на храна, бода, греење и биотоалет, што овозможува автономност во тек на три дена.
Машини за минирање ГМЗ-3М
Првите модели се појавиле уште во седумдесеттите години од минатиот век. Современите модификации се поефикасни. Наместо недоволно ефикасни димни завеси, вграден е фрлач на гранати „Туча“. Вградени се сателитски и инерциски системи за навигација. Воведено е дигитални индексирање на мини, со што се создава сосема поинаква електронска минска мапа, а системот веднаш ги пренесува координатите во воената единица која го има извршила минирањето. Исто така воведена е опрема која овозможува исклучување на механизмот за ставање мини во борбена готовност. Овие фактори го зголемуваат потенцијалот на користење на ваквите техники. Со понатамошен развој на електронската технологија мините ќе можат да се активираат и да се деактивираат далечински.
ПТС-4 – пловечки среден транспортер (амфибија) од петтата генерација
Извор: Руслан Кривобок / РИА Новости
Наменет е за десантно префрлање на оклопни транспортери, артилериски системи, луѓе и товар преку водени препреки. ПТС-4 во 2011 година ги помина државните тестирања. Овие возила влегоа во составот на инженерско-минерските баталјони на мотострелачките и тенковските бригади. Моторот со сила од 840 коњски сили може да развие брзина на пловидба од 15 километри на час, а во посадата влегуваат 2 члена. Вооружен е со противавионски митралез со калибар од 12.7 милиметри. Благодарение на проширениот резервоар за гориво може да се движи 10.5 часа по вода или 600 километри на копно.
ТММ-6 - тежок механизиран мост (мостополагач)
Извор: Виталиј Кузмин / Википедија
Мобилниот полагач на мостови за премин преку водени површини широки до 100 метри и длабоки до 5 метри прави мостови кои можат да издржат техника до 60 тони. Голем недостаток е ограничувањето на длабочината од само 5 метри. Возилото се состои од полагач на мостови и блокови. Ваквиот блок се состои од вертикално расклоплив дводелен распон )отвора мост со две ленти) и телескопски потпорни столбови. Должината на еден распон изнесува 17 метри. По монтирањето на мостот се качува ново возило и продолжува да монтира нов распон, сè до брегот. Со процесот на монтажа управува еден човек кој се наоѓа покрај пултот на мостополагачот. Времето за монтажа на еден блок изнесува 5 минути.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче