Бродовите се упатени кон Кронштат по повод Денот на Воено-поморската флота на Русија, каде што ќе се одржи ќе голема поморска парада. Видеото е објавено на каналот Esteban Луна на YouTube.
Во исто време „Ди Велт“ пишува дека рускиот „црн џин“ – така е наречена во статијата подморницата „Дмитриј Донској“ – ги импресионирал туристите на плажите на Балтичкото море, пренесува „Взгљад“.
„Во морето плови црн џин. Преку Балтичкото море кон Русија оди најголемата нуклеарна подморница во светот. Во споредба со неа, едрилиците изгледаат како мала бродови-играчки“, го опишува настанот авторот на статијата.
Изданието ги наведува карактеристиките на подморницата - 172 метри во должина, од 150 до 180 морнари, интерконтинентални ракети. Се истакнува дека за пристигнувањето во Кронштат огромната подморница требаше да ја одмине Скандинавија и да плови низ Балтичкото море.
Министерство за одбрана на Русија соопшти дека таквата кампања му дава на екипажот искуство во текот на минувањето низ тесни места и плитка вода.
„Тоа е сѐ уште најголемата подморница од сите досега изградени. Но, прво и основно, тоа е импресивен брод за парада кој потсетува дека Русија е поморска сила“, ги цитира „Ди Велт“ зборовите на експертот за руската воена морнарица Михаил Кофман.
Во коментарите на написот корисниците истакнуваат дека низ Балтичкото море поминал „предмет на завидување“.
На крајот на јуни се дозна дека Министерството за одбрана на Русија ја обновува традицијата на одржување на парадата за Денот на Воено-поморската флота на 30 јули.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче