Германскиот печат пишува за „најстрашното оружје на Русија“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Според пишувањето на германските медиуми, Русија го усовршува едно од најопасните оружја – тешкиот повеќецевен ракетен систем ТОС-1А „Сонцепјок“.

Како што пишува „Штерн“, Русија работи на ТОС-2 на платформа на тенкот „Армата“ или оклопниот транспортер „Бумеранг“. Првиот прототип е веќе во фабричките хали, пренесува РИА „Новости“.

Таков фрлач на ракети во моментов нема никој освен Русија и сириската владина војска. „Сонцепјок“, или како што уште се нарекува неофицијално „Буратино“ (Пинокио), истовремено истрелува ракети од 30 цевки, а кога тие ќе ја погодат целта се добива бран на аеросолни бомби. Од тога не можат да заштитат ниту бункерите.

Руската војска ќе се вооружува со системот ТОС-2 во периодот од 2018 до 2025 година.

Во Русија исто така се тестира и новиот ракетен систем „Тосочка“. Искуството од војната во Сирија даде идеја ТОС од гасеници да се префрли на тркала. На тој начин ракетниот систем станува помобилен.

Погледнете како дејствува „Сонцепјок“