Модернизацијата на основниот модел се однесува пред сѐ на дострелот и прецизноста на наведувањето. Така дострелот е зголемен на шест километри, а наведувањето на целта во хоризонтална и вертикална рамнина е електрохидраулично со употреба на ласерски мерач на далечина и балистички компјутер.
Тешкиот систем на фрлач на пламен „Сонцепјок“ е наменет за уништување на лесна оклопна техника и моторни возила, палење и рушење на објекти и згради.
ТОС е исклучително ефикасен во уништувањето на живата сила на противникот која се наоѓа и на отворен простор и во фортификациски објекти.
„Сонцепјок“ може да го гаѓа противникот со ненаведувани реактивни проектили опремени со термобарички и запаливи боеви глави.
Тешкиот систем на фрлач на пламен ТОС-1А „Сонцепјок“ во вооружувањето на руската војска стапи во 2001 година. Направен е врз база на шасијата на тенкот Т-72, што овозможува заштита на екипажот и вооружувањето од непријателски оган.
„Сонцепјок“ ја покажа својата ефикасност во антитерористичката операција во Сирија. Се наоѓа и во вооружувањето на регуларната сириска армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче