Министерството за одбрана на РФ соопшти нови податоци за овие системи, пренесува порталот rg.ru. Тие дури и однадвор ќе изгледаат поинаку, а ќе биде променета и внатрешната опрема.
„Во текот на модернизацијата на ТОС-1А се монтирани современ мотор и динамичка заштита. Тешкиот ракетен фрлач доби нов лансер, а помошното возило за полнење на овој систем е опремено со современи механизми“, истакнува министерството.
Од Омската фабрика за транспортна машиноградба, која како дел од групацијата УВЗ ѝ припаѓа на државната корпорација „Ростех“ и работи на модернизација на системот „Сонцепјок“, нагласуваат дека осовременетите тешки хаубици ТОС-1А ќе станат системи кои ќе немаат пандани во светот. Од ова претпријатие исто така соопштуваат дека првата партија модернизирани ТОС-1А ќе биде испорачана до крајот на месецот.
Системот „Сонцепјок“ врз база на тенкот Т-72 е наменет за уништување на лесни оклопни возила, објекти и згради, како и на непријателска жива сила. ТОС-1А може да отвора оган од отворени и затворени позиции, уништувајќи го непријателот со ненаведувани реактивни термобарички и запалливи проектили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче