Во 2017 година НПО „Сплав“ за речиси 80% го зголеми обемот на испораки на својот асортиман за Министерството за одбрана на Руската Федерација, во споредба со 2016 година. Ова особено се однесува на испораката на специјалната ракетна муниција опремена со термобарички боеви глави за тешкиот повеќецевен ракетен систем ТОС-1А „Сонцепјок“, каде во номинален број испораката е зголемена за речиси 8,6 пати.
Покрај тоа, концернот „Техмаш“ истакнува дека НПО „Сплав“ во наредниот период ќе ја прошири својата палета на производи, така што од 2019 ќе започне масовно производство на ракети со дострел од 200 километри за најновиот повеќецевен фрлач 9K515 „Торнадо-С“. Паралелно со тоа во наредните години се очекува да усвојување и производство на нови системи кои ќе подразбираат уште поефикасни борбени и транспортно-логистички машини.
Тешкиот повеќецевен ракетен фрлач ТОС-1А во основа е наменет за огнена поддршка на пешадијата и оклопните единици. Ефикасен е против непријателска жива сила која се наоѓа на отворено или во засолништа, но исто така и против лесна оклопна борбена техника и транспортни средства. Подеднакво може да се користи во различни фази на битка. ПРФ „Торнадо-С“ ќе се произведува во калибар од 300мм. Тој претставува повеќецевен ракетен фрлач од нова генерација. Во наредните години, се планира како дел од тековната модернизација на руските вооружени сили да ги замени досегашните повеќецевни фрлачи 9К58 „Смерч“. Во зависност од типот на ракетата, ефективниот дострел на новиот систем „Торнадо-С“ е проектиран за растојанија од 120-200км.
Концернот „Техмаш“ е формиран од руската државна корпорација „Ростех“ со цел формирање на кластер кој е специјализиран за научнотехничкиот и производствениот сегмент кој се однесува на производство на класична и специјална муниција. Овој концерн произведува муниција за основни борбени тенкови, борбени возила за пешадијата, самоодни и влечни хаубици, повеќецевни ракетни фрлачи како што се „Ураган“ и „Смерч“, артилериски средства на бродови, авиони, хеликоптери итн.
Погледнете во видеото како дејствува „Сонцепјок“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче