„Сонцепјок“ ќе ја засили одбраната на западната граница на Русија

Вадим Савицки/Global Look Press
До крајот на 2017 година војската на Западниот воен округ ќе добие 200 единици ново модерно оружје и воени возила.

Единиците за атомско-биолошко-хемиска одбрана ќе добијат 20 тешки ракетни фрлачи ТОС-А1 „Сонцепјок“. Во текот на модернизацијата на ТОС-1А е монтиран современ мотор и динамичка заштита. Тешкиот ракетен фрлач доби нов лансер, а помошното возило за полнење на овој систем е опремено со современи механизми, соопшти ЗВО.

Ракетно-артилериските единици ќе добијат дваесетина модернизирани системи за плотунска стрелба „Торнадо-Г“ и „Ураган“, самоодни хаубици „Гвоздика“ и нови МСТА-СМ.

Руската војска на западната граница добива 115 повеќенаменски возила. Покрај познатите воени камиони ГАЗ, КамАЗ и „Урал“, ќе има и нови пикап возила УАЗ-3163 „Патриот“.

Оваа година Западниот воен округ доби преку 2000 единици ново модернизирано оружје и воена техника.

Погледнете  како дејствува „Сонцепјок“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња