Презентиран новиот руски борбен робот „Кунгас“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На полигонот Алабино во Подмосковје на јавноста ѝ беше претставен новиот борбен робот „Кунгас“.

Со ова перспективно оружје први се запознаа припадниците на Втората гардиска механизирана дивизија на Западниот воен округ, пренесува порталот rg.ru.

Официјалниот назив на роботот е „мултифункционален роботизиран систем за решавање на задачи поврзани со обезбедување на борбените дејства на копнените сили“. За разлика од „Нерехта“, новиот робот има тркала место гасеници. Конструкцијата на шасијата е оригинална и му овозможува на возилото да ја „пречекори“ пречката, па дури и да се качува по скалила.

„Кунгас“ носи четири противтенковски ракети и митралез со голем калибар.

Овој борбен робот функционира на далечинско управување преку кабел или радио врска. Може здружено да дејствува со беспилотни летала и други системи за командување на бојното поле. Се движи со помош на електричен мотор.

Прочитајте кои се  Топ 5 руски борбени роботи