Видео-материјалот отстапен од ТВ Звезда.
Во рамките на програмата „Создавање на перспективна воена роботизирана техника до 2025“, подготвена од Министерството за одбрана на Русија, планирано е воведување на најсовремени роботи во армијата на Русија за извршување најсложени воени операции.
На воениот аеродром на военото воздухопловство на Русија „Чкаловски“ во Московската област, изведена е една етапа од воените вежби, во рамките на која е увежбано товарање на роботизираните системи во авионите Ил-76 МД и нивно префрлување во зона на вонредна состојба. Во втората етапа на маневрите во Центарот за обука на инженерски единици, двата роботизирани системи извршуваа задачи во услови на висока концентрација на чад. „Противпожарниот роботски систем“, гасеше пожар и расчистуваше пожар, а „системот за неутрализација на мини“, работеше на терен со мински препреки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.