Деновиве земјите со развиена одбранбена технологија активно ги користат автоматските воени системи. Сцена од филмот „Терминатор 3: Бунтот на машините. Извор: Кинопоиск.
Тешко е да се суди за валидноста на мислењето дека самата идеја за користење роботи на терен е криминална и предизвикува асоцијации на „терминатори“ – ладнокрвни машини за убивање со цел да го истребат човештвото. Деновиве земјите со развиена одбранбена технологија активно ги користат автоматските воени системи.
Русија е сè уште на почетна фаза од ваквите истражувања, но веќе се развиени десетици роботски оружја. Ова вклучува беспилотни летала, подводни и надводни објекти, автоматски управувани воени возила и чистачи на мини.
Руските инженери од Централниот научно-истражувачки и експериментално-конструкторски институт за роботехника и техничка кибернетика (РТК) од Санкт Петербург развиваат интегриран контролен систем за група воени роботи. Во неа се вклучени различни роботски платформи за транспортни и надзорни цели, како на пример носење оружје или следење на нивото на контаминација.
Според водечките експерти на РТК ова не е само „глупав робот на далечинско кој може да самостојно да изведува бихевиористички алгоритами“. Но, исто така, не станува збор ниту за вистинска вештачка интелигенција. Повеќе се работи за алгоритам кој му помага на операторот да го контролира уредот, подвлекуваат експертите.
Особено внимание се обрнува на развојот на малите надзорни роботи. Ваквите роботи можат да се користат, на пример, за далечинско набљудување на куќа зафатена од терористи, лебдејќи покрај прозорецот. Исто така постои потреба за роботи што се способни за придружба на специјални сили и информирање на командантите за состојбата на теренот.
„Веќе имаме роботи за откривање на јонизирачка радијација“, вели експерт од РТК. „Ваквите роботи можат да го откријат изворот на радијација, да му се приближат, да го земат со рака и да го стават во специјален контејнер.“
Русија е сè уште на почетна фаза од ваквите истражувања, но веќе се развиени десетици роботски оружја. Ова вклучува беспилотни летала, подводни и надводни објекти, автоматски управувани воени возила и чистачи на мини.
Руските специјалисти исто така го проценуваат комерцијалниот потенцијал на руските беспилотни летала на глобалниот пазар.
Претседателот на Воздухопловниот оддел на Рособоронекспорт, Сергеј Корнев, смета дека „со добра организација ќе можеме да преземеме 3-5 отсто од светскиот пазар во следнава деценија.“
Корнев додава дека Русија веќе има создадено неколку конкурентни беспилотни летала, како што се Орлан-10, ЗАЛА-421-016, Аилерон-10 итн.
„Што се однесува до потребите на домашниот пазар, тие се многу поголеми. Рускиот пазар што е во подем е исто така привлечен за странските извозници,“ вели Корнев.
Во 1989, Руската морнарица одлучи да не користи мали подморници за саботажни, антисаботажни и спасувачки мисии. Војската претпочита да изведува вакви операции без присуство на човек, доверувајќи им ги задачите на роботите.
„САД го прават истото,“ вели претседателот на одделот за набавка на оружје на Обединетата Корпорација на Бродоградилишта, Анатолиј Шлемов.
Денес автономните подводни објекти веќе се користат од страна на Руската војска. Според порт-паролот на Црноморската флота Игор Фролов, ваквите уреди ја покажале својата полза за време на морнарички спасувачки акции.
Кон крајот на 2011 Црноморската флота купи ново автономен подводен објект со далечинско управување Обзор-600, произведено од руската Тетис-ПРО. Единицата е класифицирана како мала (само 15 килограми) и може да извршува задачи на длабочина од 60 метри. Подводниот објект може да достигне брзна од 6.5 километри на час.
„Обзор-600 може да подигне товар од 20 килограми“, вели Фролов. „Во апаратот исто така има инсталирано ехолот, кој може да детектира објект на оддалеченост од 100 метри, а исто така снабден е и со видеокамера.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче