Инженерите најавуваат: УАЗ „Патриот“ ќе биде уште помоќен

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Улјановската фабрика за автомобили наредното лето почнува со производство на теренецот „Патриот“ со мотори кои се вградуваат во товарните возила „Профи“.

Судејќи по најавите на претставниците на фабриката за производство на автомобили од Улјановск, ова претпријатие до почетокот на наредното лето планира да почне со производство на теренецот „Птриот“ со мотор што развива 150 коњски сили и во моментов се вградува во моделот на камионот „Профи“.

Освен тоа, се зборува дека теренското возило ќе добие модернизиран преден мост. Сите овие новини би требало да ги подобрат динамичките карактеристики на автомобилот и неговото управување.

Точниот датум на почетокот на продажбата на обновеното возило УАЗ „Патриот“ засега не е познат.

Погледнете  како изгледа кабриолет верзијата на „Патриот“.