УАЗ Patriot
UAZДиректорот на секторот за извоз на Улјановската фабрика за автомобили Андреј Дорофеев на седницата на деловниот одбор на „Трговско-индустрискиот дијалог на Русија и Мексико“ изјави дека извозот на водечкиот производ – возилото UAZ Patriot со погон на сите четири тркала ќе почне во најскоро време.
„Мексико е земја на пикапи, овде ги има навистина многу. Ние секако ќе успееме и во наредните два месеца ќе ги видите тие автомобили на улиците“, рече Дорофеев.
Идната година компанијата почнува со комерцијална испорака на своите производи во Чиле. УАЗ веќе потпиша договор за дистрибуција со оваа јужноамериканска држава. Во Чиле пристигна првата пробна партија на возилата Patriot, Pickup и Profi.
Руската фабрика е заинтересирана за пазарот на Латинска Америка, конкретно на Колумбија, Перу, Аргентина, Чиле, Бразил и Мексико. УАЗ во текот на оваа година во Мексико извезе 39 автомобили UAZ Hunter, а за 2018 година прими нарачки за испорака на 134 возила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче