Официјално претставен новиот УАЗ „Патриот“

УАЗ го претстави подновениот теренец УАЗ „Патриот“. Познати се цените и дополнителната опрема на новото возило.

Новиот УАЗ „Патриот“ доби промени во надворешниот изглед – нова решетка и нови фарови со лед-диоди, поголем логотип и хромирани елементи, пишува Кјуто.ру.

Внатрешноста претрпе многу поголеми промени - подобрена ергономија, контрола на климата, нов мултимедијален систем со екран на допир и мултифункционален волан. Исто така на располагање на возачот се и греење воланот, темпомат, камера за назад, систем за навигација и многу повеќе.

УАЗ „Патриот“ засега се нуди само со бензиски мотор со зафатнина од 2,7 литри и моќност од 135 коњски сили со петстепен менувач.

Теренецот се нуди во седум бои на каросеријата и четири вида опрема: „Стандард“, „Комфор“, „Стил“ и „Привилегија“. Цената на возилото се движи од 809 илјади рубли (околу 11600 евра). Најопремената варијанта ќе се нуди по цена од милион и 30 илјади рубли (нешто повеќе од 14 илјади евра) .

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња