УАЗ „Патриот” доби кабриолет верзија

УАЗ
Парадниот модел на УАЗ „Патриот” без покрив ќе биде користен од воениот ресор во свечени пригоди. Освен тоа, ваквите автомобили би можеле да се појават и на комерцијалниот пазар.

Порталот Autonews.ru објави фотографии од новиот кабриолет изработен врз база на теренското возило УАЗ „Патриот”. Првиот примерок го добија властите на Намибија за одржување на свечености.

„УАЗ не ја исклучува можноста за производство на специјални верзии на автомобили од типот кабриолет на шасијата на УАЗ Патриот”, ги коментираше фотографиите директорот на одделението за извоз на компанијата Андреј Дорофеев.

Според топ-менаџерот ваквите возила се барани во министерствата за одбрана на различни земји за свечени пригоди. По правило, ваквите кабриолети одзади имаат скалила за влез, странични ракофати за стабилност на патниците при движење, како и посебна навлака во автомобилот и специјална боја.

Дорофеев исто така потврди дека Улјановскиот завод за производство на автомобили добил нарачка за неколку кабриолети врз база на УАЗ „Патриот” од „воено министерство на соседна држава”. Стручњакот истакнува дека вакви нарачки може да има најмногу неколку десетици, но тој е уверен дека теренските возила без покрив би можеле да си го најдат местото и на слободен пазар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња