Почна продажбата на новиот комерцијален камион УАЗ „Профи”

UAZ
Новиот модел на комерцијалниот камион со носивост до 1,5 тони УАЗ „Профи”, чие производство почна во септември, може да се набави во секој официјален дистрибутерски центар на производителот.

Новиот модел има мотор од руско производство ZMZ-Pro со максимална моќност од 160 коњски сили, пишува CarsWeek.ru повикувајќи се на прес-службата на компанијата.

Основната верзија со стандардниот комплет опрема чини 649 илјади рубли (околу 9600 евра) и подразбира инсталирани електронски системи за распределба на силата за кочење ABS + EBD, воздушно перниче за седиштето на возачот, електрична контрола на прозорците, централна брава, како и електронски ретровизори со грејачи. 

За поскапата варијанта „Профи Комфорт” купувачите кои бараат повеќе ќе мораат да издвојат дополнителни 50 илјади рубли (т.е. околу дополнителни 740 евра на основната цена). Овој комплет опфаќа клима-уред, фабрички аларм, светла за магла, стандарден аудио-уред, како и зимски пакет за комфор со грејачи за воланот, седиштата и ветробранското стакло.

Освен тоа, меѓу дополнителните опции за двата комплета опрема во понудата се и заден диференцијал со зголемен коефициент на триење, асистент за паркирање и мултимедијално-навигациски систем со екран на допир од седум инчи.

Производителот истакнува дека за дополнителни 37 илјади рубли (околу 550 евра) возилото може да се опреми со систем на заден погон, а за 29 илјади рубли (околу 430 евра) со систем за блокада на задниот диференцијал.

На стартот на продажбата ќе биде достапен само моделот со еден ред седишта, но веќе во ноември на пазарот излегува и варијантата со два реда седишта, која со стандардниот комплет опрема ќе чини 681 илјада рубли (повеќе од 10000 евра).

Рускиот производители на автомобили УАЗ има продажни места во Чешка, Белгија, Бугарија, Италија и Шведска.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња