„Ди Велт“ ги спореди можностите на ловците Су-30СМ и F-15E и му најде „мани” на рускиот авион

Руски повеќенаменски ловец СУ-30СМ

Руски повеќенаменски ловец СУ-30СМ

Максим Блинов/RIA Novosti
Рускиот авион-ловец Су-30СМ е одговор на американскиот F-15E Strike Eagle и тој навистина може да изведува најсложени акробатски фигури во воздух, но американскиот модел е побрз, може да носи поголем борбен товар и е незабележлив за радарите, пишува „Ди Велт“.

„Ефектните сцени“ потврдуваат дека руските ловци Су-30СМ навистина можат да изведуваат најсложени акробатски фигури во воздух. Фигурата како „кобра“ и онака можат да ја изведат само неколку модели на ловци“, пишува во статијата на германскиот весник, пренесува „Взгљад“.

Новиот Су-30СМ може да развие брзина од 2 маха, да носи околу 8 тони борбен товар, а без дополнување на гориво може да прелета 3000 километри. Компанијата „Иркут“, која го произведува овој авион, зборува за неговите големи маневарски можности „во обид да привлече купувачи“. Меѓутоа, според мислењето на германското издание, „новиот руски ловечки авион ги нема елементите кои овозможуваат маскирање во воздух“.

Покрај тоа, како што наведува германскиот весник, F-15E може да носи повеќе борбен товар од Су-30СМ, развива брзина од 2,5 маха и е конструиран според „стелт“ технологијата.

Военото воздухопловство и Воената морнарица на РФ во моментов поседуваат 96 ловци Су-30СМ и 20 ловци Су-30М2.

Германците во својата статија не наведуваат дека ловецот Су-30 (како и бомбардерот Су-34) според својата концепција не е ориентиран на криење во воздух, туку активно бара воздушни и копнени цели со помош на сопствените моќни радари без асистенција на специјален авион за откривање на цели, кој е инаку „слабата точка“ на одредите на ловците од петтата генерација затоа што може да биде елиминиран со ракета со голем дострел специјално направена за уништување на такви авиони.

Су-30 и Су-34 се ориентирани кон примена на моќни средства за радиоелектронска борба (кога ќе го откријат противникот и тргнат во напад). Станува збор за модулите „Хибини“ и „Сорбција-С“, чија борбена примена покажа дека можат да ги неутрализираат не само ограничените радари на ловците туку и цели системи за ПВО (како што е „Кољчуга“) со интегриран систем за управување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња