Ефектната видео-снимка на снајперски прецизното исфрлување на бомбите ја објави телевизијата „Ѕвезда”. Морнаричките извидувачки авиони Су-24МР во морето лоцираа одред бродови кои симулираа непријателски ракетни корвети. На задача за нивно неутрализирање се упатени авиони-ловци. Бомбите што ги исфрли Су-30СМ од мала висина ја погодија метата. Над бродот се крена облак од чад, а деловите од горниот дел на бродот се разлетаа далеку наоколу.
„Средствата за објективна контрола потврдија дека целта е погодена“, изјави началникот на прес-службата на Црноморската флота капетан прва класа Вјачеслав Трухачов.
Тешкиот ловец Су-30СМ е наменет за стекнување надмоќ во воздух и за команда над воздушни формации. Неговиот моќен радар овозможува наведување на ракетите кои ги истрелуваат авионите во придружбата, а богатиот арсенал на сопственото вооружување и одличните маневарски способности го прават фатално опасен за непријателот во воздушна битка.
Су-30 може да носи до осум бомби тешки по 500 килограми или 28 бомби по 250 килограми. Вкупната тежина на муницијата и вооружувањето кои може да ги носи овој ловец е преку 10 тони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче