Кога ќе ѝ бидат испорачани С-400 на Кина?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првите противвоздушни ракетни системи С-400 ќе ѝ бидат испорачани на Кина во најскоро време, соопштуваат руските медиуми повикувајќи се на раководителот на „Ростех“ Сергеј Чемезов.

„Системите ќе му бидат испорачани на нарачателот во најскоро време. Производството расте, сѐ се одвива согласно договорот“, изјави Чемезов во разговор со новинарите во Ново Огарево.

Раководителот на „Ростех“ зборуваше и за преговорите за испорака на С-400 на Саудиска Арабија. Како што нагласи тој, преговорите продолжуваат, но договорите сѐ уште не се потпишани. Кога станува збор за Анкара, договорот за купување е потпишан, но засега не станува збор за склопување на ПВО-системите во Турција.

Кина е првиот странски купувач на системите за ПВО „Триумф“, а според договорот склучен 2015 година, се работи за два полковски комплети. Првиот полк со ракети за С-300ПМУ-2 ќе биде испорачан кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година, а вториот – во мај-јуни 2019. Во случајот со вториот комплет, нарачката може да опфати ракети со подобрени карактеристики. Договорот за испорака на С-400 склучи и Турција, а преговори за продажба на овој систем се водат со Индија и Саудиска Арабија.