Медиуми: Можен договор со Саудиска Арабија за испорака на С-400

Сергеј Малгавко/RIA Novosti
По разговорите меѓу кралот на Саудиска Арабија Салман ибн Абдел Азиз ел Сауд, кој денес допатува во посета на Москва, и руската страна, ќе биде познато дали ќе биде склучен договор за продажба на оружје во вредност поголема од 3 милијарди долари во која е вклучена и испорака на противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“, пишуваат руските медиуми.

Една од темите на состанокот меѓу Владимир Путин и Салман ибн Абдел Азиз ел Сауд ќе биде воено-техничката соработка. Во пресрет на посетата на саудискиот крал Москва подготви пакет договори во вредност од 3 милијарди долари во кој е вклучена и испорака на ЗРС С-400 „Триумф“.

Како што се истакнува, потпишувањето на соодветните договори не спаѓа во програмата на посетата, меѓутоа, по преговорите меѓу Путин и ел Сауд би можела да почне преддоговорната фаза, односно преговорите.

Доколку исходот на разговорите биде позитивен, договорите би можеле да бидат склучени кон крајот на октомври на руско-саудиската меѓувладина комисија за воено-техничка соработка, нагласи еден од изворите на руските медиуми.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња