Весникот потсетува дека Русија пред шест месеци ѝ продаде на Кина С-400, а претходно постигна договор со Индија за испораки на овој систем, за минатата недела да бидат склучени две нови големи зделки со Турција и Саудиска Арабија.
Како што за германскиот весник изјави Владимир Кожин, советник на рускиот претседател, формиран е цел ред клиенти заинтересирани за купување на руските ПВО-системи од југоисточна Азија, од Блискиот Исток и некои други земји.
Обидувајќи се да објасни зошто Турција купува С-400, авторот на текстот истакнува дека таа како членка на НАТО дава до знаење дека се откажува од американската воена помош. Меѓутоа, како што „Зиддојче Цајтунг“ нагласува, тој чин на политичка непослушност не би имал смисла доколку не постојат воените предности на рускиот систем.
Модернизираниот мобилен систем С-400 практично претставува цела група лансирни уреди и се смета за многу ефикасен, затоа што може да фаќа и автоматски да напаѓа различни цели како што се ловци, извидувачки авиони кои летаат високо како AWACS, балистички ракети, крстосувачки ракети, дронови, но и стелт бомбардери, истакнува авторот на текстот.
Системот С-400 ја покажа својата супериорност во однос на другото слично вооружување, навистина се работи за најдобриот систем за ПВО што постои во моментов, изјави Дмитриј Шугаев, директор на Федералната служба за воено-техничка соработка.
Стручњакот за вооружување, поранешниот полковник Волфганг Рихтер смета дека рускиот С-400 спаѓа во „водечките производи на меѓународниот пазар“.
„Тие се сигурно подобри од американските системи „Патриот“ што ги има Германија“, изјави тој и додаде дека се и поевтини.
Русија неодамна договори многу важни големи зделки, тие ја потврдуваат нејзината репутација на втора нација по обемот на извоз на оружје во светот. Освен тоа, првата испорака на С-400 во земја-членка на НАТО ги задоволува стратешките амбиции на Москва, пишува авторот на текстот истакнувајќи дека САД не биле „многу воодушевени“ од оваа зделка.
Авторот на текстот потсетува и дека уште една членка на НАТО – Грција – веќе има купено руски С-300, меѓутоа многу понезабележително отколку што тоа сега го прави Турција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче