Кога Кримскиот мост ќе го поврзе Крим со останатиот дел на Русија?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Носечката конструкција на Кримскиот мост од двата брега на Керченскиот залив ќе биде поврзана до крајот на годината, изјави заменик-директорот за инфраструктурни проекти на компанијата „Стројгазмонтаж” Леонид Рижењкин.

Според него, бреговите ќе се спојат во периодот од 15 до 20 декември.

„Ќе поставиме мали мостови и ќе биде можно да се помине пеш од Таманскиот брег на Керченскиот“, рече Рижењкин.

Тој додаде дека по техничкиот премин ќе се движат само градежните работници.

Претставникот на руската сообраќајна агенција Роман Новиков соопшти дека речиси девет километри од мостот се асфалтирани, како и дека е завршена изградбата на сите 288 столбови за делот на мостот за друмски сообраќај.