Под железничкиот лак на мостот во Крим помина првиот брод

Кримски мост.

Кримски мост.

www.most.life активен линк
Помина и првиот брод под железничкиот лак на Кримскиот мост.

Товарниот брод „Св. Алексеј“ е првиот брод што помина под железничкиот лак на мостот на Крим, соопшти инфоцентарот „Кримски мост“.

Поминувајќи под лакот, капетанот на бродот Јуриј Силаев даде поздравен сигнал.

„Ја гледаме изградбата од почетокот. Оваа е грандиозна градба која ќе влезе во историјата“, изјави Јуриј Силаев, пренесува РИА „Новости“.

Бродот пловеше од Азовското море до Црното море.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња