Додека Кримскиот мост чека име, градежниците грабаат напред

most.life
Една од четирите делници на патниот дел на Кримскиот мост е споена со лакови. Изградени се 90 отсто од главната конструкција на коловозниот дел на Кримскиот мост (потпорите и лаковите).

Градителите на Кримскиот мост ги споија со коловозни лакови ’ртот и островот Тузла. Меѓу `ртот и островот на 21 потпорен столб во морето се поставени 44 носечки конструкции (во насока на Крим и Кубањ) тешки преку 150 тони, се вели во соопштението на информативниот центар на Кримскиот мост.

Металните елементи во вкупна должина од повеќе од еден километар се поставени на височина од околу четири метри, а над акваторијата ќе поминуваат повеќе од шест од вкупно 19 километри од трасата.

Минатата недела се појави информација дека руските граѓани ќе можат да учествуваат во гласање и така да го изберат името на мостот. Министерството за сообраќај ги понуди најпопуларните имиња меѓу кои се Кримски, Керчански, Мост на Пријателството и Мост на присоединувањето, а граѓаните ќе можат да и понудат своја варијанта.

На крајот на октомври беше објавено дека повеќе од половина од градежните работи се изведени на мостот.

Роман Новиков, раководител на ФКУ „Упрдор „Тамањ“, вчера изјави дека се изградена 90% од главната конструкција коловозниот дел на Кримскиот мост (потпорите и лаковите) и 45% од железничкиот дел. На градилиштето на векот во моментов се ангажирани речиси 220 претпријатија од цела Русија.

Мостот ќе биде отворен за патен сообраќај следната година, а првите возови ќе поминат во 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња