Кримски мост
www.most.life активен линк
Градителите го завршија кревањето на лакот на Кримскиот мост на височина од 35 метри од морското ниво, соопшти информативниот центар „Кримски мост“.
Процесот за кревање на конструкцијата тешка повеќе од 6000 тони траеше околу 12 часа.
Лакот беше кренат на 700 кабли со моќни дигалки, прицврстени на столбовите. За монтирање на габаритната конструкција беа потребни 16 дигалки од која секоја може да крене товар од 650 тони.
Во работата учествуваа 30 инженери, геодети и стручњаци за квалитет.
Следува кревањето на вториот лак – автомобилскиот. Како резултат ќе се издигнат над каналот два лака под кои непречено ќе минуваат бродови.
Инсталацијата на лаковите на Кримскиот мост е уникатна технолошка операција. Поморската операција се врши во услови на ограничена пловидба со временски „прозорец“ од 72 часа, пишува „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче