Crimean Bridge
www.most.life активная ссылкаКримскиот мост / www.most.life
Ова е веројатно еден од најамбициозните инженерски проекти во руската историја. Мостот со автомобилски ленти и железнички колосеци, познат како Кримски или Керчански мост е долг 19 километри. Изградбата тече според планот. Рускиот министер за сообраќај на 17 јули соопшти дека се завршени 75% од оваа масивна сообраќајница која го спојува Керчанскиот полуостров на Крим со Таманскиот полуостров во Краснодарскиот крај. Министерот се надева дека мостот ќе биде пуштен во употреба во декември 2018 година.
Изградбата на овој мост е лична иницијатива на претседателот Владимир Путин. Проектот е технички мошне сложен. Чини 228 милијарди рубли (3.8 милијарди американски долари). Ги наведуваме најважните детали поврзани за изградбата на Кримскиот мост.
1. Идејата за изградбата на мостот е разгледувана дури и пред Крим повторно да стане дела од Русија. Украински и руски експерти минатата деценија ги истражуваа можностите за создавање сообраќаен коридор помеѓу овие две земји, а во 2008 година беше постигнат договор до 2014 година да се изгради Керчанскиот мост. Меѓутоа, работата не започна.
Извор: www.most.life
2. Оваа мегаструктура се гради од двете страни, така што до спојувањето би требало да дојде некаде на средината. Проектот треба да биде завршен кон крајот на следната година, и затоа на него се ангажирани над 20 бродови и 5.000 работници кои работат во три смени во работни денови и за викенди. Во изградбата учествуваат над 30 компании.
3. Коловозот ќе има четири ленти, и се очекува дека мостот ќе може да прими 40.000 возила дневно. Брзината ќе биде ограничена на 120 километри на час, од почетокот до крајот на мостот ќе се стасува за десетина минути, а преминот нема да се наплатува.
Извор: www.most.life
4. Мостот ќе има две пруги, што значи дека дневно преку него ќе можат да минат 47 возови со максимална брзина од 120 километри на час (патничките) и 80 километри на час (товарните). Планирано е во 2019 година мостот да биде отворен за железнички сообраќај. Засега е изградено само 55% од железничката инфраструктура.
5. Мостот нема да пречи на пловидбата на бродовите низ Керчанскиот залив зашто ќе има специјален лак висок 35 и долг 227 метри, така што бродовите ќе можат да минуваат под него.
Извор: www.most.life
6. Мостот се гради во тектонски и сеизмички активна зона. Но, конструкторите успеаја да ја сведат потенцијалната опасност на минимум, користејќи три типа шипки. Зашилените се вбиваат 45 метри во морското дно, цевкастите 90, а призматичните 16 метри. Вкупно ќе бидат забодени 7.000 шипки кои ќе држат 595 носечки столбови на Кримскиот мост.
7. Конструкцијата ќе биде отпорна на земјотреси појаки од 9 степени според Рихтеровата скала и ќе биде заштитена со сантите мраз кои пловат во текот на зимата. Авторите на проектот имаат земено предвид и други природни фактори (како што се бури, бранови, поплави и ерозија на брегот), како и потенцијалното влијание на мостот на екологијата.
Извор: www.most.life
8. Археолозите и деминерите пред почетокот на работата детално го пребараа морското дно со оглед на бурната историја на Керчанскиот залив, особено во Големата татковинска војна кога се водени многу жестоки борби. Пронајдени се многу предмети кои имаат историска вредност, а да не зборуваме за 700 кои се неутрализирани!
9. Кримскиот мост ќе биде најголем во Русија, но и во цела Европа! Ќе биде подолг дури и од мостот Васко де Гама во Португалија (17.2 километри).
10. Мостот ќе има специјално осветлување во боите на руското знаме. Конструкцијата на коловозот ќе биде сина, железничката конструкција црвена, а останатите делови ќе бидат бели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче