Британски медиуми: Новата руска подморница е „најсмртоносната на светот“

„Владимир Мономах“ - подморница од класата „Бореј“

„Владимир Мономах“ - подморница од класата „Бореј“

Иљдус Гиљазутдинов/RIA Novosti
Британскиот весник „Дејли Меил“ ја опиша најновата руска нуклеарна подморница „Кнез Владимир“, која деновиве беше спуштена во вода, како „најсмртоносната на светот“.

Тоа е првата руска подморница направена според модернизираниот проект „Бореј-А“, пренесува порталот rg.ru.

Овој британски весник ги уплаши своите читатели со изјавата дека интерконтиненталните балистички ракети „Булава“, со кои е вооружена оваа подморница, можат да „уништат град оддалечен 9000 километри“. Истовремено е наведен неточен податок дека „Кнез Владимир“ носи 20 вакви ракети. Претходно навистина беше разгледувана можноста за зголемување на бројот на ракети на новите „Бореи“, но на крај сепак беше решено новите подморници да имаат 16 ракети како и претходните модели.

Британските новинари исто така особено истакнуваат дека оваа подморница може да се спушти на длабочина од 400 метри (но тоа сѐ уште не максимумот – може да дојде до длабочина од 480 метри) и дека е мошне тивка. И најпосле, „инстант споредбата“ со американските подморници од класата „Охајо“ покажа дека вториве имаат слични карактеристики и дека носат по 24 интерконтинетални балистички ракети, но имаат далеку помал дострел – „само“ 7800 километри.

Материјал со слична содржина објави и весникот „Дејли Стар“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња