Нуклеарниот „Кнез Владимир“ ќе го истакне Андреевското знаме во ноември

„Владимир Мономах“ – подморница од класата „Бореј“

„Владимир Мономах“ – подморница од класата „Бореј“

Илдус Гилјазутдинов/RIA Novosti
Нуклеарната подморница „Кнез Владимир“, четвртата во Проектот 955A „Бореј“, ќе биде спуштена во вода во ноември, соопшти командантот на Воената морнарица на Русија, адмирал Владимир Корољов.

„Во најскоро време во Севердвинск ќе биде спуштена во вода најновата стратешка нуклеарна подморница-носач на ракети „Кнез Владимир“, изјави Корољов во интервју за изданието „Краснаја ѕвезда“.

Подморниците од класата „Бореј“ се опремени со интерконтинентални балистички ракети „Булава“ (по 16 ракети во секоја подморница). Тие се многу тивки, пред сѐ благодарение на погонот кој нема пропелери туку исфрлува млаз вода. Подморниците имаат две нивоа на амортизација, а незабележливи се и поради тоа што се обложени со гума и активни средства за намалување на шумот.

Тие добро „слушаат“ благодарение на хидроакустичкиот систем „Иртиш-Амфора-Б-055“ кој според карактеристиките е подобар од опремата на американските подморници од класата „Вирџинија“. Екипажот на „Бореј“ може да открива непријателски пловила далеку пред тие да го откријат него. Подморниците се вооружени за непосредна борба со торпеда и крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“.

Планирано е да се направат осум подморници од класата „Бореј“. Три ѝ се веќе предадени на воената морнарица, а пет се во изградба.

Воената морнарица на Русија на 30 октомври прослави 321 година од основањето. Болјарската Дума во 1696 година на инсистирање на Петар I ја донела следнава одлука: „Ќе имаме бродови!“. Изградбата на бродовите почнува во Воронеж и Петербург, на реката Ладога и во Архангелск. Првично Русија има две флоти – Азовската и Балтичката, а потоа се формирани и Северната, Тихоокеанската и Црноморската.

„Денес преку 100 пловила од сите четири флоти го обезбедува присуството на Воената морнарица на Русија во светските води“, истакна Корољов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња