Министерството за одбрана на РФ на социјалните мрежи објави извештај за оваа операција, пренесува порталот rg.ru.
Претходно рускиот воен врв соопшти дека стратешки бомбардери Ту-22М3 ги бомбардирале позициите на терористите на западниот брег на Еуфрат на подрачјето на населбата Абас, во провинцијата Деир ез-Зор.
Бомбардерите во воздушниот простор на Сирија беа придружувани од ловци Су-30СМ од воздухопловната база Хмејмим.
Како што соопшти Министерството за одбрана на РФ, во овој напад се уништени упоришта на терористите и места на кои е концентрирана нивната жива сила. Објективната контрола на резултатите од воздушниот напад се остварува со помош на беспилотни летала.
Треба да се истакне дека Воздушно-космичките сили на Русија од почетокот на неделата уништија преку 1300 објекти на терористите во Сирија. За тоа време руската авијација во Сирија изведе околу 530 борбени летови.
Сите руски авиони по завршената борбена задача се вратија на своите аеродроми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче