Ту-22М3
Вадим Савицки/Global Look PressШест стратешки бомбардери Ту-22М3 полетаа од аеродромите во Русија, ги прелетаа Ирак и Иран и исфрлија бомби тешки 500 кг врз претходно лоцираните објекти на терористите.
Средствата за објективна контрола потврдија дека сите означени цели се уништени.
Бомбардерите во оваа акција беа придружувани од ловци Су-30СМ кои полетаа од воздухопловната база Хмејмим. По извршената задача сите авиони се вратија во базите.
Ова во ноември е веќе петти напад на руските бомбардери врз остатоците од вооружените терористички одреди на истокот на Сирија.
Подморницата на Црноморската флота „Колпино“ на 3 ноември истрела врз терористите 6 крстосувачки ракети „Калибар“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче