За разлика од аналогните средства кои денес се користат и кои ја распрскуваат смесата директно од генератор на чад на возилото, дисперзниот систем на далечинско управување (КДУД) користи специфичен модул за катапултирање кој може да исфрла стотици чадни бомби.
Тако чадното поле не настанува централизирано, туку истовремено од неколку точки, што значително го намалува времето потребно за криење на борбената позиција или важен објект, така што најпрвин се сокриваат најранливите места. Притоа за камуфлажа на теренот може да се користи само едно возило.
Виталиј В. Кузмин
Специфичноста на уредот е постигната благодарение на системот за сателитска навигација и моќниот компјутер со однапред инсталирани карти на локациите. На картите се означуваат деловите на теренот кои автоматски ќе се прикриваат со чадната завеса.
Катапултот може да носи резерва од 350 чадни бомби, а неговото полнење трае најмногу 3,5 часа.
Виталиј В. Кузмин
Масата на систем, кој е заснован на трооскин КамАЗ-ов камион, со полн капацитет на опрема изнесува 17,5 тони, а екипажот го сочинуваат 3 лица.
Според мислењето на воените стручњаци, КДУД, како капата-невидливка од руските бајки, сигурно ќе ги крие единиците на различни родови војска од непријателските средства за извидување и високопрецизното оружје.