Припадници на силите за РХБО (Радиоактивна, биолошка и хемиска одбрана).
mil.ruРуските сили за радиолошка, хемиска и биолошка заштита (РХБО) ќе бидат опремени со роботи од нова генерација кои можат да работат во услови смртоносно опасни за човекот, соопштува „Њузвик“ повикувајќи се на изјава на началникот на силите за РХБО генерал-мајор Игор Кирилов.
„До 2020 година се планира опремување на воените единици за брзи интервенции, наменети за отстранување на последиците од несреќи на опасни објекти, со роботски системи од нова генерација“, ги цитира изданието зборовите на Кирилов.
Генерал-мајорот, исто така, истакна дека роботите со кои во моментов се опремени Вооружените сили на Русија се способни да се справат со цел спектар на задачи, но тие веќе „не соодветствуваат потполно на потенцијалното ниво на барањата предвидени за робототехнички средства“.
Како што потсетува изданието, хемиските сили во Русија првпат се појавија уште во советско време. Тие беа ангажирани во отстранувањето на последиците од несреќата во атомската електроцентрала во Чернобил во 1986 година. Токму таа катастрофа ја инспирираше војската да развие далечински управувани роботи кои можат да работат во опасни услови за човекот.
Руската војска, истакнува „Њузвик“, се обидува да ги надмине своите американски и кинески конкуренти, реализирајќи голем број на проекти, вклучувајќи ги и оние поврзани со роботи. Така, во април оваа година Русија го претстави високотехнолошкиот робот ФЈОДОР (FEDOR - Final Experimental Demonstration Object Research), кој е во состојба да вози автомобил, да користи алатки и дури и да ракува со два пиштола, се вели во статијата што ја пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче