Тенковска единица на источниот воен округ за време на натпреварите од Тенковксиот биатлон 2014.
Владимир Астапкович / РИА НовостиМаскирното бојадисување или прочуената камуфлажа е еден од најраспространетите начини од очите на противникот да се скрие техниката што се наоѓа во засолниште. Со промената на бојата објектот е помалку воочлив и се менува неговиот изглед. Техниката како камелеон со мимикрија се вклопува во опкружувањето. Токму затоа поголемиот број руски тенкови Т-72 зелено-кафеава боја која преовладува во континенталниот појас на Русија, додека Т-90, кој во 2013 година стаса во Перу на тестирање, е намерно обоено во пустинско-степска жолто-сива боја.
Многу побрз и поевтин, но не и најповолен начин вооружувањето да се направи невидливо е едноставното префрлање на маскирна прекривка во вид на мрежа со плетени ленти од обоена полиетиленска фолија. Бојата зависи од локацијата на која се водат борбените дејствија – од арктичко бела до кафеава. Ваквите маскирни мрежи не ги губат своите карактеристики дури ни на екстремни температури. Таа не се плаши ниту од оган, ниту од влага, ниту од мувла, ниту од директни сончеви зраци. Сепак, постои еден сериозен недостаток – таа штити само од оптичко откривање. Камерата на беспилотното извидувачко летало нема да забележи ништо сомнително, но термовизорот без проблем ги открива вака скриените тенкови или ракетни системи за ПВО, со оглед на тоа дека нивните мотори и уреди можат да имаат повисока температура од околината.
Со други зборови, треба да се примени димна завеса, со тоа што тие треба да бидат многу пати поголеми од маскираните објекти за на непријателот да не му текне каде е базирана воената техника. Така техниката може да се скрие во огромен облак. Аеросолните завеси (така се нарекува маскирањето со помош на чад) идеално се комбинираат со камуфлажното бојадисување на техниката или со маскирните мрежи. Но, ова е несигурен и „непослушен“ начин на маскирање, зашто времето мора да биде суво и ведро со мала брзина на ветрот, со цел на противникот да му се „фрли прав“ во очите. Колку што е поголема брзината на ветрот, толку побрзо се разредува димната завеса и чадот продира на помала длабочина. Патем, не е пожелно ни целосно отсуство на ветар., а силниот дожд целосно ја уништува димната завеса, не оставајќи ниту трага од маскирањето.
Артем Житенев / РИА Новости
Пневмомакетите се посигурни од аеросолните завеси и поефикасно „фрлаат прав во очи“. Потребни се само неколку минути да се надува тенк, авион или ракетен систем за ПВО. Од воздух е невозможно да се разликуваат од оригиналот. Пневмомакетата е всушност костур кој е обвиен со херметичка футрола. Секоја макета е опремена со термички и радиолокациски имитатори, со блок за напојување и со вентилатори. Во зависност од видот, макетите се тешки од 30 до 100 килограми. Можат да се превезуваат со автомобил, со морски или со воздушни транспортни средства, а некои примероци ги собира во обичен ранец. Во рамките на државната програма за вооружување Министерството за одбрана на Русија планира да купи макети на надувување до 2020 година. За тоа е предвидена посебна ставка „набавка на маскирна и имитациска техника“.
Марина Лицева / ТАСС
На изложбата на Министерството за одбрана „Денови на иновација“, одржана на 5 и на 6 октомври, се дозна за сосема нов начин на маскирање на стратешките ракетни системи Јарс. Специјални ласери ќе прават огромни холограми кои ќе ги симулираат уредите за лансирање Јарс. Притоа, според проектантите, овој визуелен ефект ќе овозможи противникот да биде доведен во заблуда, така што системот ќе ги покажува онаму каде што всушност и ги нема, маскирајќи ги самите носачи на ракети во согласност со околината или како објекти со поинаква намена. Засега нема информации за тоа дали војската има добиено вакви холограми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче