Единицата на противпожарна одбрана на Министерството за одбрана и полковите на „военото МВС“ ќе ги добијат уникатните мобилни комплекси за хемиска заштита и маскирање „Звер“. Овие машини кои се разработени од научно-производственото претпријатие „Современи пожарни технологии“ (СОПОТ) од Санкт Петербург, можат да изгаснат пожар во магацините за нуклеарно оружје, да спречат ширење на радиоактивни материи, а исто така и за неколку секунди да ја замаскираат воената техника од окото на радиолокациските станици и на сателитите на противникот.
Мобилниот комплекс за хемиска заштита и маскирање „Звер“ изгледа како обичен морски контејнер од 20 стапки, кој може да го пренесе кој било армиски носач, гасенична машина или пловечки десантен транспортер ПТС-2. Во секој модул се наоѓа супермоќна станица, неколку садови за пожарен специјален раствор на база на кремнезем. Во течна состојба оваа материја брзо се растекува низ целата површина на објектот што гори, пополнувајќи ја секоја празнина. И по неколку секунди се стврднува, моментално ладејќи го објектот и прекинувајќи го процесот на горење.
„Звер ја помина етапата на тестирање на базата на специјалните институти на Министерството за одбрана, - изјавува за Известија генералниот директор на СОПОТ Гендиј Куприн. – Се планира овој наш систем да влезе во единиците за противпожарна безбедност во магацините за оружје, каде се и основните места за пожар. Исто така Звер ќе ја пополни техниката во специјално создадените спасувачки полкови во воените окрузи кои ќе се зафатат со ликвидирање на техногени и природни катастрофи, евакуација на луѓе, обновување на социјалната инфраструктура.
Во резервоарите на Звер има 5 тони кремнезем. Со едно „изливање“ во текот на една минути преку специјалната пожара цевка, машината може со оваа материја да покрие неколку илјади квадратни метри територија. Притоа Звер ќе биде сосема безбеден на растојание од 100 метри од изворот на пожарот, што е рекордно растојание во противпожарниот систем. Овој показател двојно ја зголемува можноста на техниката што ја користи Министерството за одбрана во моментов.
Уште едно уникатно својство на кремнеземот се состои во тоа што пената го блокира ширењето на радијацијата, ја намалува концентрацијата на хемиските отпади и на опасните гасови, кои се создаваат во моментот на горење во атмосферата. Ова овозможува безбедно борење со огнот во магацините за оружје, локализирање на исфрлањето радиоактивни материи при хаварии на атомските станици или при хаварии на подморниците. Примената на обична вода во вакви случаи доведува само до влошување на ситуацијата, со оглед на тоа дека течноста која ја собрала радијацијата оди во почвата. Со примена на кремнеземната пена таа не само што го блокира ширењето на опасните материи, но и останува на површината и може лесно да се собере.
Користењето на уникатната противпожарна пена овозможува и маскирање на воената техника. Со кремнезем се запира радиолокацискиот сигнал на непријателските РЛС и на сателитите. Притоа, како што вели Куприн, доколку пената не се допира, таа може да ја штити техниката неколку месеци. А, доколку треба да се тргне тогаш е доволно да се исплакнат тенковите, оклопните транспортери или автомобилите со топла вода.
Воениот експерт и уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски за Известија потсетува дека пред неколку години поради утилизација од хаварија на старо оружје Министерството за одбрана се судри со цела низа страшни пожари. Како резултат на тоа беше донесена програма за комплексна модернизација на базата за чување на оружје и обезбедување современи средства за гаснење оган. Завршувањето е назначено за 2018 година. Во рамките на оваа работа беше создадена специјална противпожарна машина на база на тенковите Т-72 и Т-80. Сепак нејзината ефикасност е пониска од онаа на Звер.
„Кај нас, за жал, во поголем број случаи на проблеми со борбата со огнот се решава со непосредно учество на војниците, па затоа е толку голем број на смртните случаи кај нив, - забележува Мураховски. – Се разбира дека треба да се создаде автоматизирана техника, високоефикасни противпожарни смеси за гаснење, со цел максимално да се исклучи присуството на луѓето во опасната зона. Разработката на СОПОТ во овој план е уникатна по тоа што го решава проблемот комплексно. Овој мобилен систем има висока ефективност за гаснење оган, исклучувајќи директен контакт на луѓето со огнот при работа во опасна зона.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче