Маскирана заштита на ракетните единици во Новосибирската област. Извор: РИА Новости
Како што соопштува службата за односи со јавноста на Ракетните единици за стратешки намени (РВСН), во Ивановската област тестирани се нови начини и методи за имитација на ракетни системи. „Мобилните комплекси секојдневно ја менуваа положбата, а инженерските единици на напуштените положби стационираа лажни дивизиони со користење на МИОМ“, објаснува главниот инженер на инженерската служба на РВСН, полковник Генрих Гајдукович.
Како да се скрие беспилотно летало
Според Гајдукович, благодарение на воведувањето на овие методи, ќе биде невозможно да се следи движењето и преместувањето на „Јарс“, кои се одвиваат првенствено во темнина, како и вистинската положба на лансирачките уреди. Освен тоа, една од етапите во тестирањето е истовремено развивање на пневномакети за лансирачките уреди.
Макетите на ракети, авиони, тенкови и на другата воена техника на надување и во природна величина можат да се видат речиси на сите домашни и странски воено-технички салони и саеми. Тие навистина создаваат целосна илузија на борбена положба. Човековото око сè уште може да разликува што е гумена макета, но за техничкото око, техничкиот вид со кои се опремени извидувачките комплекси, а ги има и на дронови, сето тоа изгледа како да е природно. За време на изградбата на макетите се користат посебни материјали кои ги прелажуваат имено техничките очи.
Маскирање, планирање, извидување
Возилата за инженерско обезбедување можат да ги скријат системите „Топољ“ и „Јарс“ од потенцијалните противници, како и да обезбедат инженерско извидување на маршрутите на борбено патролирање и положба на теренот, на пример, проценуваат дали теренот е способен да издржи огромна маса ракетни комплекси, дали теренот дозволува тие да минат оттука. Ако платформата што е избрана за борбено дежурство е премногу мала во однос на димензиите на комплексот, тогаш инженерските возила можат да ја прошират. Со помош на ваквата техника се врши и разминирање на теренот, расчистување на патиштата на утврдени позиции и нивен распоред, расчистување на урнатини и блокади. МИОМ се користи за извршување задачи за маскирање и имитирање, како и за утврдувањето на носивоста на патните мостови.
Овој комплекс овозможува да се води радијациско и хемиско извидување. Во текот на 2014 година 7 вакви универзални возила, за кои не постојат аналози во Вооружените сили на Русија, ќе стасаат во Новосибирската и во Таглиската ракетна единица. Тие добиваат ново вооружување – ракетни комплекси „Јарс“. Во согласност со државниот договор, единиците на РВСН до 2020 година ќе добијат педесетина возила за инженерска поддршка и за маскирање.
И положбите на „Јарс“ ќе станат невидливи
Зошто се обрнува толкаво внимание на заштита на токму овие комплекси?
Најсовремени и најмалку видливи
„Јарс“ е најнов интерконтитентален ракетен систем, создаден веќе во новото столетие врз основа на добро познатиот систем „Топољ-М“. Ракетата погодува цели на оддалеченост до 12.000 километри, со отстапување од само 150 метри. Во состојба е да стартува низ облак од нуклеарна експлозија, и да ги совлада сите постоечки и перспективни системи за ПРО. Носи или моноблок на боева глава со голема сила или шест боеви глави по 150 kt во ТНТ еквивалент.
Еден мобилен дивизион на „Јарс“ е составен од три подвижни лансирачки уреди кои се идентични со системот „Топољ-М“ и еден команден пункт.
„Јарс“ се најсовремени од сите ракети за стратешки намени што постојат во светот, а освен тоа имаат значителен потенцијал за модернизација. Создавањето на ова оружје го потврди високиот потенцијал на домашната одбранбена индустрија. Сега мобилните ракетни системи ќе бидат и скриени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче