Аналитичарот на магазинот „Национален Интерес“ Дејв Маџумдар смета дека бомбардерот-ракетоносец на конструкторското биро „Туполев“ ќе биде совршено оружје и дека дополнително ќе ја зацврсти воената моќ на Русија, наведува порталот rg.ru.
„Сега Русија се потпира првенствено на крстосувачките ракети „Калибра“ со кои од подморниците можат прецизно да се гаѓаат цели на големи растојанија. Меѓутоа, воведувањето на модернизираните бомбардери вооружени со крстосувачките ракети „Радуга“ Х-101 и Х-102 со голем дострел со нуклеарни боеви гави ќе му даде на Кремљ можност пофлексибилно да го применува оружјето“, пишува американскиот аналитичар.
Според него, модернизацијата на руските стратешки бомбардери ќе ѝ овозможи на Русија да ја намали зависноста од нуклерното оружје.
Комбинацијата од ракета Х-101 и авион Ту-160М2 обезбедува изведување на моќен напад во секој дел на планетата. Во перспектива „Белиот лебед“ може да добие хиперсонични ракети и така да стане најсовршеното оружје на светот.
Треба да се истакне дека модернизираниот Ту-160М2 ќе добие сопствен систем за противракетна одбрана. Според советникот на претставникот на концернот „Радиоелектронски технологии“ Владимир Михеев, тој систем ќе може да го заштити авионот од сите видови ракети. Принципиелно новиот систем за одбрана ќе открива цели на растојание од неколку стотици километри. Кога радарите на „Белиот лебед“ ќе детектираат лансирање на ракета, околу авионот се создава цел рој виртуелни цели, така што системот за наведување кој го поседуваат непријателските ракети нема да може да ги разликува лажните цели од вистинските.
Во авионот е вграден и нов систем за сателитска навигација, а благодарение на новиот мотор НК-32-02 бомбардерот ќе може да развие брзина од преку 2 маха и со самото тоа да биде недофатлив за непријателската притиввоздушна одбрана. Новиот мотор му овозможува на Ту-160М2 да се подигне на висина од 18 километри. Авионот може да биде вооружен со различни крстосувачки ракети од типот Х-55, Х-55СМ, Х-101, Х-102 и нуклеарни ракети со мал дострел Х-15.
Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во неодамнешното излагање во Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент) соопшти дека сериското производство на модернизираниот стратешки бомбардер Ту-160М2 е планирано по 2021 година.