Модернизираниот руски суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160 (НАТО ккод Blackjack), кој до моментот на модернизирањето се сметаше за најбрз бомбардер во 21 век, со новите електронски системи ќе добие уште поголема доминација на небото и предности пред американскиот бомбардер B1 Lancer, пишува Inquisitr.
Создаден уште во времето на СССР, Ту-160 стана гордост на Воено-воздушните сили на СССР. Модернизираниот бомбардер сега поседува најнова радиолокациска опрема и систем за радиоелектронска борба со ултрасовремени елементи за наведување и управување, со што отсега ќе може да уништува цели со висок степен на прецизност во било која временска погода. Исто така, во 2016 година Ту-160 ќе биде опремен со нови, модернизирани мотори НК-32. Со нив авионот ќе може да лета со брзина од 2.400 километри на час.
Рускиот Ту-160 е суперсоничен стратешки бомбардер со крила кои ја менуваат позицијата. Создаван е во 70-те и 80-те години во „Туполев“. Стапи во вооружувањето на ВВС на СССР од 1987 година. Максималната тежина која може да ја понесе со себе е 275 тони, а има радиус на лет од 6.000 километри.
Американскиот B1 е исто така суперсоничен стратешки бомбардер со крила кои ја менуваат позицијата, создаван во истиот период како и рускиот Ту-160. Максималната брзина на лет на овој авион изнесува 2.300 километри на час, може да понесе 216 тони товар, а радиусот на лет изнесува 5.500 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче