„Последниве 10-15 години нашата предност во конвенционалното оружје се топеше и таа веќе не е толку убедлива како пред неколку години“, го цитираат медиумите американскиот генерал.
Русија и Кина, според него, внимателно ги проучувале сите операции на американската војска, почнувајќи од војната во Персискиот залив 1990 година и вложувале средства во развојот на перспективните видови оружје за да ја намалат предноста на САД. Данфорд исто така изјави дека е сигурен дека Русија не сака да започне војна против САД или НАТО.
Неодамна началникот на Генералштабот на РФ Валериј Герасимов изјави дека Русија поседува ненуклеарен систем за стратешко одвраќање. Неговата основа ја сочинуваат оперативно-тактичките комплекси „Искандер-М“ и крстосувачките ракети „Калибар“ и Х-101. Тоа високопрецизно оружје дава можност да се контролираат морскиот и воздушниот простор на Балтичкото, Баренцовото, Црното и Средоземното море“, рече Валериј Герасимов.
Развојот на таквото прецизно оружје и суперсоничните ракети овозможува задачата за стратешко одвраќање да се пренесе од нуклеарната во ненуклеарната сфера, додаде тој.