Колку балистички ракети има руската армија?

РС-24 „Јарс“ мобилна балистичка интерконтинентална ракета на Тејковската дивизија на проба за Парадата на Победата.

РС-24 „Јарс“ мобилна балистичка интерконтинентална ракета на Тејковската дивизија на проба за Парадата на Победата.

Владимир Смирнов/TASS
Стратешките ракетни сили на руската армија имаат околу 400 интерконтинентални балистички ракети, изјави командантот на Стратешките ракетни сили генерал-полковник Сергеј Каракаев.

Стратешките ракетни сили на руската армија имаат околу 400 интерконтинентални балистички ракети со боеви глави од различен тип и класа, а во нивниот арсенал се концентрирани повеќе од 60% од носачите на нуклеарно оружје и нуклеарни боеви глави. Ова го  изјави командантот на Стратешките ракетни сили генерал-полковник Сергеј Каракаев, пренесува порталот rg.ru.

„Овој број на ракети одговара на параметрите за ограничување на стратешкото офанзивно оружје пропишано со Договорот СТАРТ и е доволен за извршување на разновидни задачи за нуклеарно одвраќање“, ги цитира неговите зборови весникот „Краснаја ѕвезда“.

Генерал Каракаев истакна дека овие сили место ракети со копнено базирање „Топол“ добиваат нови ракетни системи „Јарс“. Со нив се вооружуваат полковите на Козељската ракетна дивизија. Унифицираните ракетни системи „Јарс“ пристигаат и во мобилната единица на стратешките ракетни сили во Јошкар-Олинската и Иркутската ракетна дивизија. Замена на ракетите е веќе извршена во Тејковската, Нижнетагилската и Новосибирската единица. Планирано е сите ракетни дивизии да го добијат новиот систем до 2026 година.

„Јарс“ однадвор е сличен на „Топол“, но тоа е принципиелно нов перспективен ракетен систем со интерконтинентална балистичка ракета која има моќни средства за совладување на противвоздушна одбрана и со нова борбена опрема. Значително се подобрени карактеристиките на средствата за врска. Благодарение на современите средства за маскирање и имитација овој систем е незабележлив на терен“, изјави генерал-полковникот.

Покрај тоа, „Јарс“ место еден има 3-4 нуклеарни блокови, а дострелот на ракетата е повеќе од 10000 километри. Експертите тврдат дека во создавањето на овој систем се применети напредни технолошки решенија кои гарантираат голема отпорност на ракетите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња