На минско поле тестиран „Проход 1“: Што остана забележано на камерата што се запали?

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
На интернет се појавија снимки од тестирањето на рускиот робот-деминер без пандан „Проход 1".

Тестирањето на полигонот го следеше екипа на телевизијата „Ѕвезда“. Снимателите поставија на оклопот на роботот незаштитена видео камера која во текот на тестирањето на машината на минското поле изгоре, додека роботот излезе неоштетен од операцијата. Камерата, сепак, не престана да работи, а на зачуваната флеш меморија се забележани уникатни кадри.

Оклопниот деминер „Проход 1“ е создаден врз база на тенкот Т-90, а благодарение на специјалниот дел е во состојба да елиминира противпешадиски и противтенковски мини. Во своето вооружување има митралез „Корд“ со голем калибар со кој уништува воздушни цели, жива сила и противничка техника со лесен оклоп. Благодарение на „Корд“, можно е од безбедна дистанца да се уништат откриените мини, што беше и покажано на полигонот.

Една од главните карактеристики на машината е тоа што „Проход 1“ може да стигне до минско поле управуван од возач-механичар, а подоцна по ризичната делница да се движи автономно, односно без возач.

Во случај на потреба „Проход 1“ може да функционира и без непосредно учество на човек. Ако на роботот му се зададе маршрута на електронска карта на теренот, тој ќе ја помине предвидената рута без команда од оператер, во целост во автоматски режим, а потоа да се врати назад по истиот пат.