На МАКС-2017 претставено најновото оклопно возило „Буран“

На авиосаемот МАКС-2017 беше презентирано оклопното возило Buran.

На авиосаемот МАКС-2017 беше презентирано најновото руско оклопно возило „Буран“ (Buran), кој треба да биде достојна конкуренција на „Тигар“, соопштува „Известија“.

Оклопното возило е произведено во Нижни Новгород. За неговата разработка беа потребно четири месеци.

Се истакнува дека Buran и „Тигар“ имаат многу заеднички нешта: иста класа, идентични габарити и 4-цилиндарски дизел-мотор  ЈАМ3-534 (ЯМЗ-534).

Меѓу предностите на новото оклопно возило се моќниот оклоп од класата за заштита 6А. На тој начин, дури ни снајперската пушка СВД не може да му нанесе никаква штета. Оклопниот автомобил може да се смета и за трансформер – возилото е направено до четири модули кои лесно се монтираат и демонтираат, на тој начин овозможувајќи да се менува конструкцијата на моделот. Во оклопното возило може да се сместат десет луѓе. Сепак, Buran има помала моќност од „Тигар“ - 99,2 кВт наспроти 158 кВт.

Се истакнува дека преносот и оските се земени од теренските камиони „ГАЗ“. За испораки во странство, возилото ќе биде опремено со увозен автоматски менувач.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња