Новото оклопно возило „Ајболит“ ќе може ефикасно да им помага на ранетите

Окопниот автомобил „Тигар“ доби своја медицинска верзија.

Воено-индустриската компанија разви медицинска верзија на оклопниот автомобил „Тигар“ и ја нарече „Ајболит“ (Офболи),  гласи соопштението на сајтот на компанијата. Оклопниот автомобил, наменет за потрага, прибирање и евакуација на ранети, исто така може да се користи и како шасија за автомобили за управување и командно-штабни возила.

Новиот автомобил има оклопна каросерија со јачина од 10,3 кубни метри и можат да превезува до четворица ранети во носилки на две нивоа, или четворица ранети на седишта. Обемот на шасијата овозможува слободен пристап на медицинскиот персонал и укажување на помош за време на движење. Задната врата на автомобилот е опремена со рампата со скалила.

Според производителот, дизајнирањето на новиот автомобил почна по 2009 година.

Оклопот на автомобилот обезбедува заштита од куршуми, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња