На врвот на Елбрус со оклопни возила: Почна уникатната експедиција на Министерството за одбрана

Скриншот

Скриншот

ТВ „Ѕвезда“
Најдобрите руски оклопни возила кои сѐ уште не се дел од војската – „Тајфун“, „Патруљ“ и „Торнадо“, како и перспективните камиони „Урал Next“ се упатија на екстремна експедиција на врвот на Елбрус.

Броницкиот научно-истражувачки автомобилски центар на Министерството за одбрана на РФ на 11 септември почна уникатна експедиција. Најдобрите руски оклопни возила, кои сѐ уште не се во составот на вооружувањето на војската, ќе се обидат да стигнат до највисокиот врв во Европа Елбрус.

На екстремната експедиција војниците се упатија со новата модификација на познатите „Тајфуни“, новите оклопни возила „Патруљ“ и „Торнадо“, перспективните камиони „Ural Next“ (од кои еден претендира на титулата најеколошки воен автомобил), како и огромното влечно возило, наменето за пренос на системи С-400 и апсолутно новата модификација на познатиот УАЗ, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Сите возила на патот до Елбрус ќе мораат да ја преминат најзафрлената руска пустина во каспиското подрачје каде ќе се одржи првата серија на тестови – на песок. Само возилата кои ќе ја поминат оваа етапа ќе можат да го продолжат патот до планините.

Експедицијата ја организира Броницкиот научно-истражувачки автомобилски центар на Министерството за одбрана на РФ. Првиот ден од походот конвојот ќе го следи репортерска екипа на емисијата „Военаја пријомка“. Освен тоа, репортерите на емисијата веќе неколку месеци пред експедицијата успеаја да присуствуваат на тестирањето на новата оклопна техника, при што снимија многу ретки кадри.

Се работи за вистински ексклузивитет – ниедна друга репортерска екипа не ги помина строгите критериуми за возење во планините.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња