Како што пишува „Национален Интерес“, системот С-400 е толку ефикасен што ги менува „правилата на игра” во регионот. Магазинот потсетува на интересот што за овој систем веќе го покажаа Саудиска Арабија и Турција, а исто така наведува и дека некои други земји го имаат системот С-300, кој е претходник на С-400.
Специфичноста на рускиот систем С-400 се состои во тоа што тој може да истрелува различни ракети-пресретнувачи со дострел од 400, 250, 120 и 40 километри. Како пример за споредба во текстот се наведува дека американскиот систем „Патриот“ кој има само ракета со дострел од 96 километри.
„Национален Интерес“ смета дека круна на рускиот систем е ракетата 9M96E2, која постигнува брзина од околу 5000 метри во секунда или 18500 километри на час и може да уништи цел на само пет метри над земјата. Оваа ракета може да маневрира со забрзување до 20G. (Додека човекот, дури и ако има специјален шлем и скафандер, може дури неколку секунди да издржи забрзување од 9G.) Ваквата ракета може да се користи против нисколетечки цели и крстосувачки ракети.
Но ни тоа не е сѐ. Како што истакнува еден од водечките светски стручњаци во сферата на аерокосмичката индустрија доктор Карло Коп, С-400 има дополнителни радари за борба против „невидливи” авиони во чие производство се користи стелт технологија. Се работи, меѓу другото, за американските F-22 и F-35.
С-400 исто така може успешно да се користи за соборување на непријателски авиони со радарски системи со голем радиус. Освен тоа, рускиот систем е ефикасен и против балистички ракети.
„Национален Интерес“ признава дека Русија постигнала значаен успех во сферата на продажба на ова оружје, меѓу другото, и на земјите од НАТО и сојузници на САД.
„Русија постигна вистински продор и на технолошки план. САД не можат да понудат систем кој би бил конкуренција на С-400, а не би сакале овој систем да се прошири. Но, веќе е предоцна да се преземе било што“, заклучува американскиот магазин.