Видео: Истовремено лансирање на две ракети С-400

Рускиот телевизиски канал „Ѕвезда“ објави видео од речиси истовременио лансирање на две ракети С-400 од полигонот Ашулук во Астраханската област.

На школското гаѓање ракетите С-400 погодија два типа на цели – воздушна цел „Мускета“ коjа имитираше балистичка ракета и „Почит“ – аналог на крстосувачка нисковисинска ракета, соопштува телевизијата „Ѕвезда“, која го објави видеото од лансирањето.

Според командантот на силите за противвоздушна и противракетна одбрана Виктор Гумени, вакви вежби не биле спроведени повеќе од 20 години. Гаѓањето го реализираше подмосковскиот полк на единицата на ПВО-ПРО на ВКС Русија.

Министерството за одбрана на Русија, исто така, соопшти за завршувањето на планираните тактички вежби на полигонот Ашулук, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња