Сопствениците на Lada Vesta ќе управуваат со автомобилот преку мобилен

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во блиска иднина фабриката АвтоВАЗ ќе почне сериски да го вградува системот Lada Connect во автомобилите Lada Vesta.

Тоа е платформа со помош на која ќе може далечински да се управува со функциите во автомобилот. Апликацијата е достапна на Google Play, но сѐ уште не може да се преземе со оглед дека сѐ уште се врши затворено тестирање.

Со помош на системот Lada Connect ќе може да се отклучува и заклучува автомобилот, да се исклучат светлата, да се провери количината на горивото, температурата во автомобилот и акумулаторот, а исто така да се активира и системот за автоматско палење или претходно загревање, доколку ги има тие системи.

Се очекува овој систем најпрвин да биде вграден во моделот Lada Vesta, потоа Lada Connect може да се појави на моделите Granta и Kalina. Одделни официјални дистрибутери на автомобилите од фабриката АвтоВАЗ ќе имаат можност сами да го вградат овој систем во автомобилите. Цената на таквите услуги ќе изнесува од 11 до 25 илјади рубли.