LADA Vesta ќе стане официјален автомобил за такси превоз на Куба

Lada Vesta на отворањето на Саемот за автомобилска индустрија во Тољати, 2014 година.

Lada Vesta на отворањето на Саемот за автомобилска индустрија во Тољати, 2014 година.

PhotoXPress
Куба го одбра седанот LADA Vesta за државно такси.

Рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“ првпат ќе ја извезува LADA Vesta во Куба, соопштува RuEconomics.ru. На Островот на слободата моделот ќе биде официјален автомобил на државните такси-компании.

Официјални извори, блиски до раководството на автомобилскиот концерн, тврдат дека сите соодветни билатерални договори и спогодби се веќе потпишани.

Веднаш штом автомобилите ќе пристигнат на островот, тие ќе им бидат предадени на локалните државни такси-компании. Сѐ уште не се знае дали LADA Vesta ќе можат да ја купуваат жителите на Куба или ќе се користи само за такси.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња